Вардар е голем фаворит за триумф против последнопласираниот Башкими, но тоа треба да го покаже и на теренот. Не е лесно да се игра на Градскиот стадион во Куманово, а домаќините сигурно ќе имаат огромни мотиви да го сопрат актуелниот шампион.
Го знае тоа и искусниот голман на Вардар, Давор Талески, кој сепак порачува дека Вардар доаѓа да ги освои трите бода.
„Вардар секогаш оди на победа, планот е да се освојат трите бода против Башкими во Куманово. Сакаме да влеземе во победничка серија и се искачиме кон лидерските позиции на табелата. Го респектираме Башкими, но веруваме дека сме подобри и тоа треба да го докажеме на денешниот меч“, вели Давор Талески.
Вардар во седмото коло влегува по триумфот над Арсими во претходната рунда, а и Башкими во минатото коло стигна до првите бодови откако го совлада Скопје на гостински терен.
Натпреварот меѓу Башкими и Вардар е закажан за 16 часот на стадионот во Куманово, а ќе го суди Александар Грујоски.





