Таневски го одреди составот на Македонија до 20 години за Медитеранските игри во Таранто

Македонската репрезентација до 20 години ќе биде дел од Медитеранските игри „Таранто 2026“, каде што во групната фаза ќе се соочи со Мароко, Тунис и Турција.

Избраниците на селекторот Александар Таневски ги очекуваат три натпревари во групата, а настапот во Таранто ќе биде значајно меѓународно искуство за македонските фудбалери. Македонија е во Групата А, заедно со Мароко (26.08), Тунис (22.08) и Турција (24.08). Целта во групната фаза ќе биде да се обезбеди што подобар пласман и место во завршницата на турнирот.

Селекорот Александар Таневски за натпреварите во Таранто ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Стефан Јованоски (Млада Болеслав), Чешка, Давид Илоски (Пелистер);

Одбрана: Златко Радески (Тетекс), Адис Мурати (Башкими), Давид Голубов (Детонит), Лука Атанасовски (Тетекс), Андреј Велков (Тиквеш), Андреј Мурџески (Скопје);

Среден ред: Омар Беровиќ (Скопје), Никола Манојлов (Силекс), Виктор Делов (Беласица), Емир Шаботиќ (Детонит), Харун Незировски (Хелсинборг);

Напад: Димитар Данев (Вардар), Салим Арифи (Митровица), Марко Николовски (Охрид Лихнидос), Давид Матески (Охрид Лихнидос), Андреј Стојановски (Скопје);

Медитеранските игри во Таранто се одржуваат во август и септември 2026 година, а фудбалскиот турнир е еден од спортовите во програмата на Игрите.