Тиквеш и Струга Трим Лум одиграа 2-2 во натпреварот од седмото коло во Првата фудбалска лига што се одигра во Кавадарци. Двете екипи прикажаа напаѓачки фудбал, а на крајот поделија по еден бод.
Во втората минута Висдом Окере шутираше од 18 метри, но Васко Василев одбрани. Тиквеш дојде во водство во 12.минута. Лусианињо ја украде топката од Рочи, влезе во шеснаесетникот и со силен удар го совлада Васко Василев.

Шест минути подоцна одговори Струга Трим Лум. Меметриза Хамза нафрли од левата страна, а Хамонд Агамах со удар со глава ја затресе мрежата на домаќинот.Во 20.минута, Бојку упати удар од далечина, но беше за малку непрецизен.
Струга Трим Лум можеше до водство во 36.минута. Арби Воша подготви одлична шанса, а Агамах не успеа да реализира од петерецот. Гостите сепак стигнаа до предност во 43.минута. Повторно дојде центаршут од левата страна, а Марјан Радески со удар со глава го совлада Стевковски.

На стартот на вториот дел Бесир Рамадани беше во можност, но не реагираше најдобро, а потоа Агамах постигна погодок, но беше во офсајд позиција. Во 75.минута, Кехинде можеше да го реши мечот по проигрувањето од Буњамин Шабани, но Стевковски влезе во шут и исфрли во корнер.

Потоа притисна Тиквеш и тоа даде резултат. Во 87.минута, одлична долга топка на Вареловски, го пронајде Сантос Фереира Ренатињо, кој во бразилски стил ја прими топката и ја затресе мрежата на Струга ТЛ за конечни 2-2.






