Младинците на Вардар ги совладаа врсниците на Македонија ЃП со 6:1 и ја продолжија победничката серија на отворањето од сезоната во првенството.
“Црвено-црните” се единствената екипа која во оваа конкуренција нема пораз и е лидер на табелата со идентичен број на бодови како и тетовска Шкендија која има натпревар повеќе.
Вардар поведе со голот на Невзат Асани во 21. минута. Во 29-тата Матеј Николов зголеми на 2:0, а две минути подоцна повторно се запиша меѓу стрелците за предност од 3:0. На две минути пред крајот на првиот дел Јован Ефтимовски го постигна четвртиот гол за домаќинот.

Во 58. минута, Николов забележа хет-трик за водство од 5:0 додека Николче Баталоски во 66-тата по шести пат го совлада противничкиот чувар на мрежата. Единствениот гол за Македонија ЃП беше дело на Дарин Михајловски во 76. минута.
Актуелниот првак АП Брера славеше над Работнички со 3:2. Струмичани со головите над Ристе Милев во 3-тата и Филип Кулески во 39. и 53. минута стигна до предност од 3:0. Во продолжението од мечот два пати меѓу стрелците се запиша Јован Миленковски за конечни 3:2.

Еден погодок што го постигна Алек Сиваков му беше доволен на Пелистер да го совлада Шкупи, а гостинска победа од 2:0 забележа и Шкендија Тетово во соочувањето со Брегалница Штип.
Три бода како гостин освои и Охрид откако во Тетово го совлада Тетекс со 3:1.
Во кадетското првенство лидери со по 10 бода се Пелистер и Брера. Битолчани во четвртото коло во Тетово против Шкендија играа без победник 2:2. Шкендија поведе со 2:0 со погодоците на Ајет Реџепи во седмата и 12. минута, а потоа следуваа головите на Јован Пашовски во 38. и 60-тата од пенал.
И АП Брера гостуваше во Тетово, а противник беше Тетекс. Натпреварот во полза на Струмичани го реши Давид Мирчовски го голот постигнат на пет пред крајот од дуелот.

Во уште еден дуел на градските ривали, Вардар во Ѓорче Петров славеше над Македонија со 2:1. Домаќините поведоа со голот на Филип Андоновски во 13. минута. Во 51-та, Стефан Стефаноски израмни на 1:1, а девет минути подоцна Милош Мандиќ му донесе триумф на Вардар.
Арсими во Гостивар триумфираше над Работнички со 2:0 додека мрежите мируваа на натпреварот Охрид – Брегалница Штип.
Во Пионерската Супер лига по четири кола водечки е Пелистер со максимални 12 бода. Битолчани во оваа рунда триумфираа на гостувањето против Шкендија Тетово со 3:1. Стрелци на головите за гостите беа Ламбро Димитар Анастасовски, Огнен Писаниковски и Дамјан Стрезовски додека погодокот за домаќинот беше дело на Диор Алили.

Најубедлива во оваа рунда беше АП Брера по победата од 6:0 во мечот против Тетекс, а гостите славеа и на натпреварите Струга Трим Лум – Скопје 1:3, Охрид Лихнидос – Брегалница Штип 1:4 и Македонија ЃП – Вардар 1:2.
Арсими и Работнички на натпреварот во Гостивар постигнаа по два гола и освоија по еден бод.





