ЖФК Љуботен единствен со максимален учинок по првите три кола во ЖФЛ

Во последниот натпревар од третото коло во Фудбалскиот шампионат на Македонија во женска конкуренција, Љуботен триумфираше над Кочани си 8:2 и е единствениот тим со максимален учинок на почетокот од сезоната.

Најзаслужна за победата беше Улза Максути која три пати се запиша во листата на стрелците и тоа во 14., 15. и 34. минута, а серијата погодоци ја отвори Роберта До Насименто Лурдес во третата минута.

До крајот на првиот дел мрежата на Кочани ја затресе Калина Попески која противничката голманка ја совлада и на пет минути пред крајот на мечот.

По еден погодок на дуелот во Тетово беше дело на Михаела Додевска (55) и Ива Јованоска (64). Головите за Кочани ги постигнаа Ива Салтирова во седмата и Катерина Милеска од пенал во 83. минута.

Во дербито на третото коло, бранителот на титулата Скопје како гостин ја совлада Тиверија Брера со 3:0. Шампионот поведе со голот на Рабија Дервиши во десеттата минута. По една минута игра во второто полувреме Јована Каралиоска зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постави Блехана Алиеска во 53. минута.

Вчера Ас Јунајтед во Скопје забележа победа од 4:1 во мечот против Истатов. Домаќинот поведе со погодокот на Канита Емини во 20. минута, а во второто полувреме гостинките успеаа да направат пресврт.

Во 59. Тамара Лазаеска израмни на 1:1, а потоа следуваа головите на Сара Дика, Јована Павловска и Оливера Цоклеска.

Во останатите два натпревари Пелистер Про како гостин триумфираше над Вардар со 4:3 додека гостинска победа забележа и Каменица Саса во соочувањето со Речица.