Во рамки на 4. коло во Втора МФЛ беа одиграни шест натпревари. Дури 37 погодоци беа постигнати на второлигашките терени.
Каменица Саса ја оствари најубедливата победа совладувајќи го Вардар Неготино со 8:1. Андреј Симевски постигна четири гола, а погодија и Ефремов, Ајрули и Алиев. Неделков беше стрелец на единствениот погодок за неготинчани.
Убедлив триумф оствари Кожув над тимот на Преспа со 7:1. По два гола постигнаа Ислами и Мемеди, а по еден погодок дадоа Гугуљанов, Шаркоски и Љузев. Емуш Елмас погоди за Преспа.
Шкендија Арачиново оствари нова победа, овој пат со 4:0 на домашен терен над Големо Коњари. Шабани, Нухија, Чурлинов и Трпески се запишаа во листата на стрелци.
Сигурна победа во Штип оствари и Брегалница. Домаќинот славеше со 4:2 над Новаци. За Брегалница погодија Темелков, Коцев и Карчевски. За гостинот погодоците ги постигнаа Јовановски и Сиљаноски.
4. коло, Втора МФЛ:
Брегалница – Новаци 4:2
Кожуф – Преспа 7:1
Осогово – Скопје 2:3
Победа – Охрид 2:3
Шкендија Арачиново – Големо Коњари 4:0
Вардар Неготино – Каменица Саса 1:8





