Втора МФЛ: Тетекс славеше против Детонит. Прва победа за Брегалница

Денеска беа одиграни седум натпревари од 2. коло во Втора МФЛ кое се затвора утре со мечот во Струмица меѓу Беласица и Скопје.

Екипата на Брегалница славеше победа на гостински терен во Неготино против Вардар со 2:0, забележувајќи ја првата победа во новата сезона. Стрелци на погодоците беа Даријан Тасев и Лука Георгиев.

Возбудлива и неизвесна беше пресметката во Тетово помеѓу Тетекс и Детонит Плачковица. Беа постигнати пет погодоци, а тимот на Тетекс оствари победа со 3:2. Головите ги постигнаа Даниел Николовски и Златко Радески, автогол си постигна Филип Манасиевски.

Победа и Каменица Саса одиграа без победник, 2:2. За домашните погодија Кристи Крајоски и Мохамед Ахмедов. Кај гостинскиот тим стрелци на погодоците беа Лука Николов и Мухамед Бекир.

Шкендија Арачиново продолжува со добрите игри и оствари нова победа, овој пат над Охрид со 2:1, со погодоците на Дарио Десниќ и автоголот  на Албнор Каба.

Најубедлив триумф ова коло оствари Слога Виница над екипата на Големо Коњари со 5:1. Двоен стрелец беше Никола Талески. По еднаш погодија Иван Настевски, Љупчо Христовски и Виктор Крстевски. Биким Алимовски погоди за Големо Коњари.

Утре од 19:30 на стадионот „Младост“ во Струмица, Беласица го пречекува Скопје во последниот меч од 2. коло.

Резултати, 2. коло, Втора МФЛ:

Кожув – Новаци 2:0

Осогово – Преспа 2:0

Победа – Каменица Саса 2:2

Шкендија Арачиново – Охрид 2:1

Слога Виница – Големо Коњари 5:1

Тетекс – Детонит Плачковица 3:2

Вардар Неготино – Брегалница 0:2