Вардар освои големи три бода на тешкото гостување во Кратово кај Силекс, и остана во игра за врвот на табелата во финишот на есенскиот дел од сезоната. Трите бода ги донесе голот на Закариќ во првата минута од второто полувреме.
Во првиот дел се менуваа и двата тима со шанси. Први се заканија фудбалерите на Силекс, кои и постигнаа гол кој оправдано беше поништен поради офсајд. Следуваше приликата на Шеро кој шутираше само крај голот.
Следуваа минути на Вардар и три шанси за кратко време. Најпрво Данев упати итар удар, меѓутоа одбрани Џеков. Од корнерот Матиќ не успеа да го матира Џеков, иако беше во супер позиција.
Веднаш само што стартуваше второто полувреме, одлична акција на вардарци која тргна од средината на теренот, потоа Пиреш го проигра Омерагиќ, а овој испраќа прецизна асистенција до Закариќ, а овој од прва шутираше прецизно во голот на Џеков.
Потоа обидот на Богдановски од Силекс го брани Талески. Следуваше уште еден поништен гол на Силекс, откако Мишов се најде во офсајд.
Кратовци најголемата шанса ја имаа во 90. минута од средбата. Богдановски го промаши невозможното, односно беше прогиран и на вториот дирек иако осамен, со глава само го погоди надворешниот дел од мрежата, со што кратовската екипа не успеа да дојде барем до бод.




