Почетокот му припадна на гостинскиот тим. Во 3. минута, Бесмир Бојку грубо стартуваше над Ендрит Красниќи, а судијата Трпчевски покажа на белата точка. Меѓутоа, со интервенција на ВАР системот, пеналот беше поништен.
Во 16. минута, Исмаили нафрли во шеснаесетникот, додека Радески не беше прецизен во својот обид со глава. Во 25. минута, брза контранапад на Струга ТЛ – Бојку асистира, а Агамах шутира од прва, но таму брзо интервенира Манев.

Во 30. минута, одбранбениот играч Рама шутираше од 20 метри, но топката замина над голот. Шкендија возврати во 38. минута, кога Марко Ѓорѓиески со глава упати силен удар, додека домашниот голман Василев интервенираше на гол-линијата.

Шкендија го започна подобро и второто полувреме. Во 48. минута, вистинска мешаница во шеснаесетникот на домашните, каде што Мелиќи упатува силен удар, кој заврши во гредата на Струга ТЛ. Во 51. минута, Шкендија ја имаше најдобрата можност преку Марко Ѓорѓиески, кој шутира од прва после асистенцијата на Трумчи, но Василев со рефлексна реакција ја исфрла топката во корнер.

Десната страна на Шкендија беше најризична. Во 56-та минута Трумчи нафрли во шеснаесетникот, додека Тамба со глава ја упати топката над голот на Василев. Во 65. минута, Рочи нафрли во шеснаесетникот, додека Радески само ја допре топката кон голот на Шкендија, но на вистинското место беше голманот Гаје.
И во следната акција, Струга ТЛ поведе со 1:0. Во 79. минута, Папе Фал нафрли во шеснаесетникот, додека Малески погоди со глава.
Во 87. минута уште еден спорен момент. Топката го погоди во рака Бесмир Бојку, а главниот судија покажа на белата точка. Но, судијата Трпчевски повторно ја промени одлуката, по консултација со ВАР.

До крајот на натпреварот резултатот остана непроменет (1:0). Со оваа победа, Струга ТЛ ја оствари својата




