Брегалница на свој терен во Штип ја пречекува екипата на Шкендија од Тетово, лидерот на табелата во ПМФЛ. Штипјани во пресметката влегуваат после елиминацијата од Купот од Македонија ЃП, но имаат мотиви за да се надигруваат против еден од фаворитите за титулата.
Методи Максимов очекува поддршка од публиката и со нејзина помош Брегалница да стигне до бод или бодови во дуелот против првопласираниот тим на табелата.
“Секогаш кога играме на домашен терен очекуваме со помош на нашата публика да одиграме добар натпревар и да оствариме позитивен резултат. Свесни сме за квалитетот на Шкендија, но ние нема да се предадеме однапред, влегуваме во мечот максимално и ќе се бориме за добар резултат”, вели фудбалерот на Брегалница, Методи Максимов.





