Maksimov: Do të luftojmë për një rezultat të mirë të Bregallnicës kundër liderit

Брегалница на свој терен во Штип ја пречекува екипата на Шкендија од Тетово, лидерот на табелата во ПМФЛ. Штипјаните во пресметката влегуваат по елиминацијата од Купот од Македонија ЃП, но имаат мотиви да се надигруваат против еден од фаворитите за титулата.

Методи Максимов очекува поддршка од публиката и со нејзина помош Брегалница да стигне до бод или бодови во дуелот против првопласираниот тим на табелата.

“Секогаш кога играме на домашен терен очекуваме со помош на нашата публика да одиграме добар натпревар и да оствариме позитивен резултат. Свесни сме за квалитетот на Шкендија, но ние нема да се предадеме однапред, влегуваме во мечот максимално и ќе се бориме за добар резултат”, вели фудбалерот на Брегалница, Методи Максимов.