По важната победа на гостински терен против Шкендија Aрачиново, екипата на Арсими влегува со максимална мотивираност и позитивна енергија пред натпреварот од 5. коло во домашниот шампионат против Скопје.
Младиот и перспективен фудбалер, стрелец на двата гола во минатото коло, Лорик Каба Јакупи , со големи очекувања ја најавува оваа претстојна пресметка која ќе се одигра во Гостивар.
“По важната победа во гостински терен против Шкендија во Чаир, сме мотивирани и со голема верба за следниот натпревар против Скопје. Особено сум среќен што бев автор на двата гола во таа победа, но заслугата му припаѓа на целиот тим за ангажманот и големата работа што ја направивме на теренот.”
“Знаеме дека не очекува тешка пресметка, но работевме добро во текот на целата недела и сме подготвени да го дадеме максимумот на теренот. Овој натпревар го играме во Гостивар и се надеваме дека трибините ќе бидат исполнети со нашите навивачи. Поддршката од публиката е многу важна за нас и ни дава дополнителен мотив да се бориме за секоја топката и за секој бод”
“Сакаме да ја продолжиме позитивната серија на резултати и да прославиме уште една победа заедно со нашите навивачи. Ги покануваме сите љубители на спортот и поддржувачи на Арсими да бидат со нас во Гостивар. Ние ќе дадеме се од себе за да ја возвратиме поддршката со уште едно добро издание и, се надеваме, со три бода”, изјави Лорик Каба Јакупи.
Натпреварот Арсими-Скопје ќе се одигра денес со почеток во 16:30 часот на градскиот стадион во Гостивар.





