Vardar want to avoid last year’s scenario with Arsimi

Фудбалерите на актуелниот првак Вардар сѐ уште добро се сеќаваат на поразот од Арсими на ланското гостување во Гостивар и ќе сторат сѐ тоа да не се повтори. По поразот од Тиквеш на домашен терен, вардарци сакаат да се вратат на победнички патеки и подготвени се да одиграат квалитетен меч.

„Подготвени сме и патуваме во Гостивар по три бода“, порачуваат од таборот на шампионот.

Вардарци ќе бидат максимално внимателни и нема да ги залаже лошата форма на Арсими во првенството. Противникот има четири последовни порази во шампионатот, а по вчерашниот триумф на Скопје падна и на последната позиција на табелата.

Натпреварот меѓу Арсими и Вардар ќе се одигра на Градскиот стадион во Гостивар со почеток во 12 часот, а ќе го суди Стојанче Стојанов.