Димитриевски: Со победа да ја завршиме сезоната

Трофејот од Купот е освоен, излезот во Европа обезбеден, и со тоа е остварена главната цел на Силекс за оваа сезона. Кратовскиот тим денеска против Македонија ЃП ја „спушта завесата“ на натпревари во ПМФЛ, а потоа се фокусира кон настапите во Европа, во Лигата на Конференции.

Силекс, сепак, посакува триумф на последниот натпревар против Македонија ЃП, за во голем стил да ја заврши сезоната и да замине на пауза.

„Иако е ова последно коло, и натпреварот нема големо резултатско значење како нас, сепак, важен е пристапот и професионалноста. Секој натпревар е шанса да покажеме карактер, дисциплина и почит кон дресот кој го носиме и ќе излеземе максимално фокусирани и ќе се обидеме да ја завршиме сезоната на најдобар можен начин. Со респект кон противникот, наша цел е да одиграме квалитетен меч и со победа ја завршиме сезоната“, изјави фудбалерот на Силекс, Михаил Димитриевски.