Работнички ќе ја заокружи лошата сезона со домашен натпревар против Тиквеш во 33.коло од Првата фудбалска лига. Планот е да се забележи победа и да се освојат три бода на последниот меч пред своите гледачи.
„Ќе одиграме одговорно до крај, посакуваме да ги освоиме трите бода. Верувам дека со добар пристап можеме да стигнеме до успех“, вели тренерот Муарем Муарем.
Натпреварот меѓу Работнички и Тиквеш се игра од 16.30 часот на Националната арена „Тодор Проески“.





