Grozdanovski: We will give our all to surprise Vardar

Фудбалерите на Скопје ја искористија репрезентативната пауза подобро да се подготват, а добија и нов шеф на стручниот штаб, Иван Варадиновски, кој дојде на местото на Муарем Муарем. Се надеваат дека по паузата ќе отпочнат еден нов циклус со многу подобри резултати, а денеска имаат големо искушение.

На стадионот „Железарница“ доаѓа актуелниот шампион Вардар, а Скопје ќе се обиде да ја одбрани својата тврдина.

„Се подготвувавме добро во овој период на репрезентативна пауза, имаше и промени во клубот, и се надеваме дека ќе отпочнеме една серија на подобри резултати. Ни гостува Вардар и мотивот кај нас е огромен да одиграме квалитетот и да го запреме шампионот. Ќе дадеме сѐ од себе да го изненадиме фаворитот“, вели фудбалерот за врска Томче Гроздановски, кој дојде како едно од засилувањата за Скопје во оваа сезона.

Натпреварот меѓу Скопје и Вардар е закажан за 15 часот на стадионот „Железарница“, а ќе го суди Фуркан Идризи.