До крајот на првенството остануваат уште два меча и Работнички сака да ги одработи на најдобар можен начин. Денеска на Националната арена „Тодор Проески“ ќе има дуел против Шкупи, на кој формално ќе биде гостин.
Планот на избраниците на Муарем Муарем е да забележат сигурен триумф.
„Ќе се бориме чесно до крајот и денеска посакуваме триумф. Поквалитетен тим сме од Шкупи и тоа ќе го докажеме на денешниот меч. Имаме респект за ривалот, но посакуваме три бода и за нив ќе се избориме на теренот“, порачува дефанзивецот Џастин Крантове.
Натпреварот меѓу Шкупи и Работнички е закажан за 16 часот, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.





