Селекцијата до 18 години ќе има уште еден контролен натпревар и на 30 овој месец ја очекува соочување против репрезентацијата на Србија што ќе се одигра во Стара Пазова.
Предводникот на националниот тим Димитар Капинковски за овој дуел ќе смета на 19 играчи кои настапуваат во домашниот шампионат.
Мечот против Србија ќе биде уште една проверка на можности на овој состав кој веќе од септември влегува во натпреварувачкиот систем на УЕФА и се вклучува во квалификациите за фудбалери до 19 години.
Селекторот Капинковски не можеше да смета на сите играчи, дел од нив поради обврски кон клубовите нема да бидат дел од составот што ќе замине за Стара Пазова.
LIST OF FOOTBALLERS
GOALKEEPERS: Александар Трајков (АП Брера), Антони Трајковски (Вардар)
DEFENSE: Стефан Секирски (Новаци), Виктор Мачовски (АП Брера), Андреј Димовски (АП Брера), Цека Назиф (Шкендија), Стефан Јорданоски (Вардар), Стефан Стаматоски (Вардар).
MIDDLE ROW: Славчо Мисајловски (Тетекс), Јован Мрмачовски (Пелистер), Бојан Велков (АП Брера), Давид Ангелески (Пелистер), Флори Иљази (Шкендија), Габриел Талески (АП Брера)
ATTACK: Иво Марковски (Вардар), Дамјан Буцевски (Македонија ЃП), Матеј Сејменов (АП Брера), Иван Танчев (АП Брера), Мартин Џангаровски (Македонија ЃП)
Собирот е закажан за в среда по што екипата ќе патува за Србија, а натпреварот кој е на програмата на 30 април почнува во 12 часот.





