Убедлив триумф на Работнички против Шкупи

Работнички сосема очекувано забележа убедлива победа од 7:0 против Шкупи во натпреварот од 32.коло во Првата лига кој се одигра на Националната Арена, а формално гостин беше клубот од Дебар Маало.

Тимот на Муарем Муарем доминираше во текот на целиот натпревар. Гостите го диктираа темпото ја имаа инцијатива и уште од самиот почеток креираа серија на можности преку кои можеше да се дојде до водство.

Откако капитенот Бесир Демири ја погоди пречката, а потоа фудбалерите на Работнички не искористија неколку шанси, Матеј Ангелов по асистенција на Мерџани го отвори резултатот во 16.минута.

Ви продолжението на натпреварот Работнички ја имаше инцијативата и постојано креираше шанси, но последна пречка беше голманот Сефер Муслиу кој во неколку ситуации одлично реагираше.

Во 31. минута Мартин Талаков зголеми на 2:0, а само шеесетина секунди подоцна Сухељ Мухарем беше стрелец на третиот гол.

До крајот на првиот дел Работнички постигна уште два погодоци, а меѓу стрелците повторно се запиша Талаков, а во претпоследната минута прецизен беше и Аритон Мехмед.

По само три минути игра во второто полувреме Сухељ Мухарем погоди за 6:0,  а серијата голови ја затвори Талаков, кој по трет пат успеа да го совлада противничкиот голман.

Во последното коло Работнички е домаќин на Тиквеш додека Шкупи сезоната ја затвора со гостување во Струмица и натпревар со АП Брера.