Македонскиот фудбал остана без еден од најдобрите фудбалери во историјата, по кусо боледување на 70 годишна возраст почина Васил Рингов.
Најголемиот дел од кариерата го мина во дресот на Вардар каде во периодот од 1977 до 1983 година на 154 натпревари постигна 60 гола. Во “црвено-црниот” дрес Рингов мина од 1983-1986 година кога во 56 настапи, 23 пати се запиша во листата на стрелците.
Рингов е роден во Струмица во 1955 година, а првите фудбалски чекори ги направил во Беласица за која настапува од 1973 до 1975 година.

Потоа заминува во Партизан каде во две сезони забележал два настапи по што се враќа во Македонија и го носи дресот на Тетекс за кој настапува од 1975 до 1977 година на 45 натпревари постигнал 16 гола.
По блескавата кариера во Вардар, Рингов заминува во загрепски Динамо, а по две години минати на Максимир се сели во Ајнтрахт Брауншвајг.
Васил Рингов кариера ја завршува во дресот на Вардар со кој ја освојува шампионската титула.
По завршувањето на кариерата фудбалското знаење Рингов го пренесува на играчите кои биле дел од младинските категории.





