Клупско лиценцирање за УЕФА натпреварувања за сезона 2026-2027

Согласно рокот за пријавување на клубовите од Фудбалската федерација на Македонија за клупско лиценцирање за УЕФА натпреварувања за сезона 2026/2027, заклучно со 20.12.2025 за добивање европска лиценца пријавени се следните клубови:

– ФК ШКЕНДИЈА ТЕТОВО

– ФК РАБОТНИЧКИ

– ФК СИЛЕКС

– ФК ПЕЛИСТЕР АД БИТОЛА

– ФК ВАРДАР АД СКОПЈЕ

– ФК СТРУГА ТРИМ ЛУМ АД

– ГФК ТИКВЕШ 1930 АД

– ЖФК СКОПЈЕ

– ЖФК ЉУБОТЕН

Завршена е дистрибуција на потребните информации и обрасци од страна на ФФМ кон клубовите согласно временската табела, а во тек на месеците Февруари и Март 2026 следи достава и комплетирање на документите од страна на клубовите до Одделението за Лиценцирање на ФФМ, по што ќе биде одлучено кои клубови ќе се стекнат со потребната лиценца за учество во следната УЕФА натпреаврувачка сезона.