ОФС Битола претрпе пораз од 0:4 од Зеница-Добој во второто коло од Групата 1 на УЕФА Купот на региони.
Домашниот состав уште во раната фаза го отвори резултатот. Недим Рапиќ во 15. минута погоди за 1:0, а седум минути подоцна Харун Јупиќ ја зголеми предноста на 2:0. До паузата Зеница-Добој постигна уште еден гол, преку Тарик Шијеркиќ во 45. минута за 3:0. Во второто полувреме битолчани се обидоа да одговорат, но не успеаја да го совладаат голманот на домаќините. Конечните 4:0 ги постави Хадис Крехмиќ во 88. минута.
Со овој пораз, ОФС Битола останува без бодови по две одиграни кола во групата, во која покрај Зеница-Добој и македонскиот претставник се и велшкиот Тим Рханбартол и Де и Килисија од Ерменија. Последниот натпревар нашиот претставник ќе го одигра на 8. септември во 11:00 часот против ерменски Килисија. Двете селекции имаат по два порази.
ЗЕНИЦА-ДОБОЈ – ОФС БИТОЛА 4:0 (3:0)
Стрелци: Рапиќ 15′, Јупиќ 22′, Шијеркиќ 45′+1, Крехмиќ 88′
ОФС Битола: Александар Балев, Ариф Мерсими, Пепи Трајков, Бојан Кантаровски, Димитар Николовски, Дејан Секуловски, Александар Крстевски, Темур Емини, Иванчо Јовановски, Мики Талевски, Лука Лисолајски.
Тренер: Васко Бошевски.
Зеница-Добој: Матеј Бановиќ, Андреј Јуриќ, Тарик Сажиќ, Белмин Хаџиќ, Бекир Делиќ, Антон Тадиќ, Хадис Крехмиќ, Тарик Шијеркиќ, Ел-Харун Хрњиќ, Недим Рапиќ, Харун Јупиќ.
Тренер: Беќир Механовиќ





