Ако целта на денешната политичка прес-конференција беше јавноста подобро да го запознае говорникот, тоа можеше да се направи и без ФФМ да биде повод за лична или партиска промоција.
Фудбалската федерација на Македонија не е политичко тело и ФФМ нема да биде дел од политичкото милје, ниту ќе дозволи фудбалот да биде вовлечен во партиски пресметки.
Немаме намера да влегуваме во полемика со која било политичка партија и го почитуваме правото на секого да го искаже својот став.
Во моментов, ФФМ има многу поважни приоритети и нема да ја спушти комуникацијата на ниво на чаршиски муабети.
Не секоја прес-конференција заслужува одговор.





