Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години доживеа пораз и вториот контролен натпревар со селекцијата на Луксембург.
Вечерва избраниците на селекторот Димитар Капинковски се совладани со 4:1. Единствениот гол за Македонија го постигна Јордан Дамевски додека погодоците за домаќинот беа дело на Аман Чочоуи, Роло Де Кастро, Велтер и Полфер.
Во првиот дуел што се одигра во средата Луксембург славеше со 1:0
Контролните дуели со Луксембург се дел од подготовките на националниот тим за настап во Б лигата од квалификациите за пласман на Европското првенство.
Македонија е дел од групата Б5 во која настапуваат уште селекциите на Швајцарија, Северна Ирска и Малта, а турнирот ќе се одигра во период од 11 до 17 ноември во Струмица.





