Младата репрезентација на Македонија до 16 години (генерација 2011) ќе одигра два контролни натпревари против врсниците на Русија. Денешниот натпревар е закажан во 13:00 часот на стадионот „Кукуш“ во Струмица, а мечот на 5. октомври ќе биде одигран на комплексот „Пандев“ во Струмица. Селекторот Горан Станковски за контролните натпревари против селекцијата на Русија ќе смета на следните фудбалери:
Голмани: Марио Стојковски (Њу Старс), Огнен Божиновски (Вардар), Максим Ѓоревски (Виена ФЦ)
Одбрана: Дин Рожајац – Академија, Габриел Панов – Вардар, Ејман Емини – Академија, Хамза Зубери – Скопје, Јетмир Асани – Вардар, Стефан Арсов – АИК Стокхолм
Среден ред: Давор Танески (Академија), Павел Димоски (Академија), Фисник Амити (Шкендија), Васко Трајков (Брера), Стефан Стојаноски (Академија), Христијан Ристески (Вардар), Павел Зојчевски (Скопје);
Напад: Мубин Мустафа (Фиорентина), Јован Јанчевски (Академија), Драган Петков (Њу Старс), Амар Незири (Арсими), Доротеј Христов (Скопје), Јоан Ѓорѓиевски (Академија), Димитар Анастасовски (Пелистер);





