Штипјани очекуваат нова победа на домашен терен

Повратникот во елитното фудбалско друштво во Македонија, Брегалница, вечерва во Штип го пречекува Башкими.

Штипјани до овој момент имаат три бода освоени по триумфот на Арсими додека на двете гостувања против Вардар и Шкендија Тетово доживеаа порази.

Брегалница во мечот против Башкими ја има фаворитската улога, но избраниците на тренерот Никола Кузманов тоа треба да го докажат на теренот.

Кумановци во Штип доаѓаат со низа од три порази и дури 12 примени гола, а ниту еден постигнат и тоа е еден од фактите кои дополнително го подгрева оптимизмот во домашниот состав.

Дуелот од четвртото коло во ПМФЛ на стадионот во Штип се игра во вечерен термин од 19 часот и токму поради тоа се очекува единствената трибина да биде максимално исполнета со поддршка на навивачите Брегалница да дојде до посакуваната победа.

“Се подготвуваме максимално сериозно за секој натпревар и следен предизвик. Во Првата лига, нема слаби противници, нема потценување и опуштање против никој. Хемијата во екипата е на највисоко ниво, целиот фокус е на натпреварот против Башкими на домашен терен. Вечерниот термин под “Исарот” и пред нашата верна публика за нас е само мотив плус за добра игра и нови три бода”, изјави, Благој Хаџи-Кимов.