Скопје против Тиквеш атакува на првата победа во сезоната

Со дуелот меѓу Скопје и Тиквеш се отвора четвртата рунда во Фудбалскиот шампионат на Македонија.

Повратникот во ПМФЛ, Скопје и во вториот настап како домаќин противникот ќе го пречека на теренот на Тренинг центарот Петар Милошевски.

Во првите настапи фудбалерите на Скопје успеаа да освојат само еден бод и тоа во соочувањето со Струга Трим Лум додека избраниците на Муарем Муарем беа совладани во дуелите против фаворитите за највисок пласман во првенството Шкендија и Силекс.

Домаќинот во денешниот меч верува дека токму против Тиквеш ќе успеат да ја забележат првата победа и полека, но сигурно ќе почнат да се искачуваат кон горниот дел од табелата.

Тиквеш во Скопје доаѓа по непланираниот пораз на домашен терен од Шкендија Арачиново. Кавадарчани по одличното отворање на сезоната и двата триумфа над Арсими и Башкими минатиот викенд во Кавадарци останааа со празни раце.

Во редовите на Тиквеш се свесни за тежината на натпреварот, но веруваат дека можат да стигнат до поволен резултат и да се заржат во трката за највисок пласман.

Натпреварот на теренот на Тренинг центарот Петар Милошевски почнува во 17 часот.