Bashkimi te tri pikët me golat e Ristovskit dhe Ribeiros

Во последниот натпревар од 12. коло, Башкими го совлада Арсими со головите на Ристовски и Рибеиро, прекинувајќи ја серијата од три натпревари без победа. Арсими продолжува со негативната серија од 8 натпревари без победа.

Првата шанса во натпреварот во Куманово го имаше Башкими. По нафрлувањето од корнер, во шеснаесетникот шутираше Тенлеп, но реагираше гостинскиот одбранбен играч Мустафа, кој ја одби топката во корнер. Малку подоцна се закани и Јанузи од 17 метри, но топката замина покрај голот на Арсими.

Во 30. минута, Адис Мурати шутираше од 20 метри, но топката заврши над голот на Сиљановски. Од друга страна, најдобрата шанса за Арсими ја имаше Рамадани, кој по брза контранапад ја испрати топката високо над голот на Башкими. Во судиското продолжение, Јанузи навлезе во шеснаесетникот и навреме нафрли, но Рибеирo не успеа да го совлада голманот на Арсими.

Второто полувреме започна подобро за домаќините. Во 48. минута, гостинската одбрана не успеа да ја исчисти топката од опасната зона, а таа дојде до Ристовски, кој со силен удар успеа да го совлада голманот Сиљановски.

Во 51. минута згреши одбранбениот играч на Башкими, Сумер Хасан, додека напаѓачот на Арсими, Фатјон Јусуфи, не успеа да ја искористи оваа „подарок-топка“ и ја испрати топката покрај голот. Од друга страна, се закани Мурати со удар од 12 метри, но Сиљановски не дозволи изненадување. Од истата страна се закани и Рибеиро, но Сиљановски ја одбрани топката во корнер.

Домаќините имаа шанса да ја зголемат предноста во 60. минута, кога Мајмона проби по десната страна и асистираше во шеснаесетникот, но Рибеиро не беше прецизен од 7 метри. Мајмона беше блиску до постигнување гол откако го обиколи гостинскиот голман, меѓутоа на гол-линијата реагираше Илијази, исфрлајќи ја топката во корнер.

И во третиот обид, Рибеиро успеа да го совлада голманот на Арсими за да ја зголеми предноста на Башкими на два гола. И во најсериозната акција на гостите, Арсими успеа да постигне гол преку Гаје, кој влезе во шеснаесетникот и го совлада голманот на Башкими.

Последната шанса на натпреварот го имаше Да Силва, кој не успеа да го совлада голманот на Арсими.