Jankulov: T’i minimizojmë gabimet dhe ta mposhtim Struga Trim Lum

Актуелниот шампион Вардар денеска на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија го пречекува тимот на Струга Трим Лум во дербито на 12.коло од Првата фудбалска лига. Вардарци се надеваат дека ќе продолжат со позитивната низа во шампионатот, а истовремено сакаат експресно да го заборават слабото издание од куп-натпреварот против Тиквеш.

Десниот бек Ѓоргије Јанкулов вели дека атмосферата меѓу вардарци е оптимистична и дека планот е да се освојат трите бода против Струга Трим Лум.

„Играме дерби натпревар против Струга Трим Лум и ќе се обидеме да ја продолжиме успешната низа на резултати кои ги имаме во првенството. Посакуваме три бода, со оглед дека нашите амбиции се да стигнеме до првата позиција на табелата. Минатиот натпревар од Купот е заборавен и се надеваме дека тоа беше само еден лош ден. За да стигнеме до успех на денешниот меч со Струга Трим Лум, ќе мораме грешките да ги сведеме на минимум“, изјави Ѓоргије Јанкулов.

Натпреварот меѓу Вардар и Струга Трим Лум ќе се одигра на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија, со почеток од 14 часот, а ќе го суди Доне Ристовски.