Vardari konfirmoi vendin e parë në Superligën e të rinjve

Во дуелот против градскиот ривал Македонија ЃП, младинците на Вардар забележаа победа од 2:0 и на коло пред крајот на првиот дел од сезоната се зацврстија на првото место во Супер лигата.

Натпреварот беше решен во второто полувреме, а двоен стрелец за Вардар беше Коста Бошковски кој ги постигна погодоците во 48. и 59. минута од натпреварот.

 Неизвесен дуел претпладнево одиграа Работнички и АП Брера, а на крајот бодовите ги освои домаќинот која славеше со 3:2.

Работнички поведе со головите на Елиан Синани во 25. и 39. минута. Во 56-тата Јован Миленковски зголеми на 3:0, а потоа за само три минути следеа два погодоци за АП Брера.

Во 66-тата Матеј Сејменов намали на 3:1, а само три минути подоцна Филип Кулески го постигна вториот гол за Струмичани и го постави конечниот резултат.

Второпласираната Шкендија Тетово триумфираше над Брегалница Штип со 6:2. Серијата голови ја отвори Ерион Мухареми во 22. минута, во 26-тата Алтин Абази зголеми на 2:0, а три минути подоцна Бајрам Косоврасти го постигна третиот погодок за Тетовци. Во 24-тата, Мухареми повторно се запиша меѓу стрелците за водство од 4:0, а на три минути пред крајот на првиот дел Наце Васев намали на 4:1.

Во второто полувреме два гола на Флори Иљази додека за гостите повторно меѓу стрелците се запиша Васев за конечни 6:3 за Шкендија Тетово.

Охрид Лихнидос го совлада Тетекс со 4:0, а головите беа дело на Христијан Марковски, Димитар Миштаковски, Јусуф Халит и Христијан Стојаноски.

Победа на домашен терен забележа и Пелистер совладувајќи го Шкупи со 3:1. Никола Капсаров во 29. минута му донесе предност на Пелистер од 1:0, а во 37-та Анди Нухији израмни на 1:1.

Во продолжението од натпреварот Битолчани постигнаа уште два гола. Во 70. минута Мартин Талески го постигна погодокот за 2:1, а на седум минути пред крајот на мечот Лука Илијовски се запиша во листата на стрелци поставувајќи ги конечните 3:1.

Во пресрет на завршните мечеви од првиот дел на сезоната Вардар има 34 бода, четири повеќе од Шкендија Тетово, но и натпревар помалку.

Трет е Пелистер со 23, а на четвртата позиција е Работнички со 22 бода. Најдобрата петорка ја заокружува АП Брера со 19 бода, но и два натпревари помалку.

Прв стрелец во Младинската Супер лига е Флори Илази од тетовска Шкендија со 10 гола, на делба на второто место се Дарин Михајловски од Македонија ЃП и Јован Миленковски од Работнички со по девет погодоци, а зад нив со по осум гола се уште двајца фудбалер на Шкендија, Бенарт Јани и  Бајрам Косоврасти.