Фудбалерите на Вардар како гости го совладаа Башкими со 2:0 продолжувајќи ја победничката серија во завршницата од шампионатот.
“Црвено-црните” рано стигнаа до предност и веќе по осум минути поведоа со 1:0. Горан Закариќ го искористи нафарлувањето на Стефан Цветковиќ и на Вардар му го донесе толку посакуваното рано водство на гостувањето во Гостивар.
Неколку минути подоцна Закариќ повторно може да се запише меѓу стрелците, но неговиот обид го одбрани домашниот голман Амир Јашар.
Шанса за погодок имаше и капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ, овој пат ударот завршо крај голот на Башкими.
Во втората минута од судиското надополнување, Бoбан Николов шутираше кон голот на Јашар, но при стартот на Борјан Пановски, дефанзивецот на Башкими го смени правецот на движењето на топката и таа заврши во мрежата на Кумановци.
Во второто полувреме Башкими преку Роналдо Никел Ор можеше да го постигне единствениот погодок на натпреварот, а најдобрата шанса во овој период ја имаше Закариќ чиј удар заврши во пречката.
Во самата завршница Димитар Тодоровски можеше да биде стрелец на третиот гол за гостите, но овој пат добро реагираше голманот Јашар.





