Дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар, од 11. коло во Прва МФЛ, одигран во Гостивар, беше одлично суден, со правилни одлуки во сите предизвикувачки ситуации.
Во текот на натпреварот имаше неколку ситуации што бараа особено внимание и добра координација меѓу судиите на теренот и судиите во ВАР собата.
Имено, при акцијата на ФК Шкендија во 30. минута, како и во 89. и 93. минута, кога ФК Вардар постигна погодок, беа донесени три исправни ВАР одлуки, во целосна согласност со Правилата на фудбалската игра и ВАР протоколот. Преку цртање на офсајд линии правилно беа решени три клучни ситуации при постигнување на голови по претходни офсајд прекршоци.
Судиите на теренот и ВАР-судиите покажаа одлична координација, добра процена и доследна примена на правилата во сите три ситуации.
И покрај обидите за поинакво прикажување на судењето, остануваме цврсто посветени на регуларноста на натпреварувањето, со доследно почитување на Правилата на фудбалската игра и ВАР протоколот.
Објективното вреднување на судиските одлуки мора да се темели на фактите, правилата и конкретните ситуации од натпреварот.





