Арсими го очекува важен дуел против Скопје во кој бодовите се од големо значење за враќање на самодовербата и прекинување на негативниот резултатски период. Во пресрет на натпреварот, Ел Хаџи Гуеје порача дека тимот е максимално мотивиран и дека целта е јасна позитивен резултат.
„Свесни сме дека нè очекува многу важен натпревар против Скопје. Работевме напорно во текот на целата недела и максимално се подготвивме за овој предизвик. Знаеме дека не минуваме низ најдобриот период, но веруваме во нашите квалитети и во силата на тимот.
Нашата цел е јасна , да освоиме позитивен резултат и да почнеме да излегуваме од кризата. Ќе го дадеме максимумот на теренот, ќе се бориме за секоја топка и се надеваме дека на крајот ќе се радуваме заедно со нашите навивачи“, истакна Гуеје.
Арсими во дуелот со Скопје гледа можност за пресврт, враќање на победничките патеки и создавање позитивна атмосфера во тимот пред продолжението на сезоната.
Натпреварот Скопје – Арсими ќе се одигра денеска на стадионот во Автокоманда, со почеток во 12:00 часот.





