Башкими во Гостивар по „златни“ бодови против Арсими

На две кола пред спуштање на завесата во ПМФЛ, Арсими и Башкими излегуваат на директна пресметка која може да вреди опстанок. „Златните“ бодови се на маса, а притисокот е доведен до точка на вриење.

Домаќинот Арсими е во одлична серија со 10 освоени бодови од последните пет меча, но Башкими по триумфот над Шкендија покажа дека знае како со фаворитите. Кумановци доаѓаат во Гостивар со една цел – дефинитивен опстанок во прволигашкото друштво.

„Ова е многу важен натпревар за двете екипи. Арсими бара бодови за бегство од зоната на баражот, додека Башкими сака крај на сезоната без грижи. Ние сме екипи кои меѓусебно се почитуваат, но во текот на тие 90 минути секој ќе се бори за ‘златните’ три бода,“ изјави Реџеп Мурати.

Според него, притисокот е на страната на домаќинот, што може да биде предност за кумановци.

„Се надевам дека од Гостивар ќе се вратиме со победа и успешно ќе ја запечатиме нашата прва сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Верувам дека притисокот врз домаќините ќе биде наша предност,“ додаде меѓу другото Мурати.

Во досегашните 10 меѓусебни пресметки меѓу овие две екипи, Арсими забележал 5 победи, 2 натпревари завршиле нерешено, додека Башкими триумфирал 3 пати.

Натпреварот од 31-то коло помеѓу Арсими и Башкими ќе се одигра на стадионот во Гостивар, со почеток во 16:00 часот.