Билети за финалето од Купот на Македонија: Силекс – Шкендија

Фудбалската федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу Силекс и Шкендија.

Натпреварот ќе се одигра на 20. мај (среда) со почеток во 20:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“.

Влезниците се веќе достапни преку официјалната електронска платформа на ФФМ, eticket.ffm.mk

За навивачите на ФК Шкендија се наменети билетите од блок 13 и блок 24.

За навивачите на ФК Силекс се наменети билетите од блок 19 и блок 23.

За сите останати љубители на фудбалот, блок 18 од северната трибина е предвиден за неутрални гледачи.

Билетите може да ги обезбедите исклучиво преку електронската платформа на ФФМ, eticket.ffm.mk