По завршувањето на сезоната во првенствата за најмладите генерации фудбалери во Македонија денеска на теренот на Тренинг центарот Петар Милошевски беа доделени пехарите за шампионите во регионалните лиги за петлиња(генерација 2011 г.) и помлади петлиња(ген. 2012).

Пехарите беа доделени од страна на Техничкиот директор на ФФМ, Ѓорги Христов, членот на УО и претседавач на младинска комисија на ФФМ Дарко Костовски, како и од членовите на младинската комисија на Федерацијата: Седадин Али, Сашко Бајлозов, Јовица Неловски, Туши Дервиши и Филип Колеќески.

На церемонијата трофеите им беа доделени на ФК Албарса (Скопска А лига 2011 – петлиња), ФК Шкупи (Скопска Б лига, 2011 – петлиња), ФК Карев (Скопска А лига, 2012 – помлади петлиња), ФК Куманова – Милано (Скопска Б лига 2012 – помлади петлиња), ФК Студеничани (Скопска А 2011-2012, петлиња – помлади петлиња), ФК Нова Колонија (Скопска Б 2011-2012, петлиња-помлади петлиња), ФК Мал Ајакс – Вардар Штип (Југоисточна лига 2011-2012, петлиња – помлади петлиња),

ФК Фит Кид (Полошка А лига 2011-2012, петлиња – помлади петлиња), ФК Есс (Полошка Б лига, 2011-2012, петлиња – помлади петлиња), ФК Вондеркидс (Пелагониска лига, 2011-2012, петлиња – помлади петлиња), ФК Пелистер (Езерска лига, 2011-2012, петлиња – помлади петлиња).






