Распоред на натпревари за ВМФЛ за сезоната 2026/2027

Натпреварувачката комисија при ФФМ го објави распоредот на натпревари за претстојната сезона во Втората македонска фудбалска лига.

Битката за влез во елитното фудбалско друштво во Македонија почнува на 15 август, а првиот дел од шампионатот завршува на 21 ноември.

Според календарот на натпревари вториот дел од сезоната почнува на 20 февруари, следната година и ќе трае до 22 мај.