Натпреварувачката комисија при ФФМ го објави распоредот на натпревари за претстојната сезона во Втората македонска фудбалска лига.
Битката за влез во елитното фудбалско друштво во Македонија почнува на 15 август, а првиот дел од шампионатот завршува на 21 ноември.
Според календарот на натпревари вториот дел од сезоната почнува на 20 февруари, следната година и ќе трае до 22 мај.





