Во последниот натпревар од осмото коло во Првата фудбалска лига, тимот на Скопје вечерва ќе гостува во Штип и ќе ги одмери силите со Брегалница.
Мотивите кај составот од Автокоманда се големи, конечно да се стигне до првата победа во елитата.
Штип важи за „жежок“ терен за игра, но избраниците на Муарем Муарем веруваат дека можат да остварат позитивен резултат.
„Подготвени сме за надигрување и се надеваме на позитивен исход“, порачуваат од таборот на Скопје.
По седум одиграни натпревари, Скопје има три освоени бода и во моментот е на последното место на табелата, а Брегалница освои седум и се на осмата позиција.
Натпреварот меѓу Брегалница и Скопје ќе се одигра вечерва, со почеток во 18 часот, на Градскиот стадион во Штип, а ќе го суди Стојанче Трпчевски.





