Македонската репрезентација до 20 години со пораз го заврши настапот на Медитеранските игри во Таранто, откако загуби со 1:5 од селекцијата на Мароко до 19 години.
Мароко уште во првата минута дојде до предност преку Хамза Раџи, но Македонија експресно одговори. Во 4. минута, Дарјан Тасев го постигна израмнувачкиот гол за 1:1.
Резултатот остана непроменет до 36. минута, кога Зенеби Талби повторно му донесе предност на Мароко. Во вториот дел, противникот ја потврди победата со уште три гола. Мунсеф погоди за 3:1, а потоа Есади и Гурари реализираа за конечни 5:1.
Со овој пораз, македонската селекција го заврши настапот на Медитеранските игри на последното место во групата, со еден освоен бод.
МАКЕДОНИЈА – МАРОКО
Стадион: „Џовани Паоло II“, Таранто
Стрелци: 0:1 Хамза Раџи 1`, 1:1 Дарјан Тасев`,1:2 Зинеби Талби 36`, 1:3 Мохамед Мунсеф 58`, 1:4 Карим Есади 78`, 1:5 Абделгафур Гурари 84`
МАКЕДОНИЈА: Стефан Јовановски, Златко Радески, Андреј Велков, Адис Мурати, Лука Атанасовски, Емир Шаботиќ, Давид Матески (М. Николовски), Харун Незировски (Н. Манојлов), Дарјан Тасев (В. Делов), Давид Голубов (С. Арифи), Андреј Стојановски (Л. Бојаџиев); Селектор: Александар Таневски;





