Во следниве денови на програмата се натпревари во Купот на Македонија во сите конкуренции.
Покрај првите соочувања за влез во големото финале во машка конкуренција утре ќе бидат познати и финалистките кај дамите.
Во Битола, Топ гол ја пречекува Тиверија Брера и почетокот е закажан за 12 часот додека во 16, стартува мечот во кој Љуботен и гостува на Каменица Саса.
Во младинските конкуренции се играат четвртфиналните дуели. Жрепката одреди во оваа фаза од натпреварувањето меѓу себе да се соочат четирите водечки екипи во шампионатот.

В среда од 11 часот на теренот АМС во Ново Лисиче, Вардар се среќава со Македонија ЃП додека еден час подоцна лидерот на табелата АП Брера игра против Работнички.
В четврток Пелистер е домаќин на Брегалница, а Њу Старс во Скопје го пречекува Шкупи.

Четвртфиналните двојки се идентични и во конкуренција на кадети. Дуелот меѓу Вардар и Македонија ЃП се игра на истата локација, а почетокот е во девет часот. Мечот во Струмица стартува во 10.
Натпреварите кои се играат в четврток почнуваат во 11 часот (Битола) и 10 часот (Скопје).

Кај пионерите веќе се познати два тима кои обезбедија место меѓу четирите најдобри. Пелистер попладнево во Битола славеше над Шкупи со 2:0 додека Македонија ЃП на гостувањето во Штип беше поуспешна од Брегалница откако славеше по изведување на удари од белата точка.
Утре на програмата е мечот меѓу Њу Старс и Вардар додека в четврток Пелистер го пречекува Шкупи.





