Rabotnički bindës ndaj Makedonija GP, Vardari kryeson te të rinjtë

Во последниот натпревар од шестото коло во Младинската Супер лига, Работнички ја совлада Македонија ЃП со 4:0.

Домаќините постигнаа по два погодоци во секое полувреме, а серијата голови ја отвори Јован Миленковски во 19. минута.

Во 39-тата Бленди Ганиу зголеми на 2:0, а во првата минута од второто полувреме истиот играч го постигна и третиот гол за Работнички.  Конечните 4:0 ги постави Матеј Киш со погодокот во 56-тата минута од натпреварот.

Во дербито на колото Вардар триумфираше над Шкендија Тетово со 3:0 и се задржа на лидерската позиција на табелата.

“Црвено-црните” поведоа со голот на Андреј Димитриевски во 28. минута. На почетокот од второто полувреме Лука Кнежевиќ зголеми на 2:0, а третиот погодок за Вардар беше дело на Николче Баталоски постигнат во 86. минута.

Штипска Брегалница на гостувањето во Тетово славеше над Тетекс со 4:0. Двоен стрелец беше Филип Чичев, а по еднаш прецизни беа Мартин Качаков и Филип Чичев.

АП Брера триумфираше над Пелистер со 4:1. Два пати во листата на стрелците се запишаа Ристе Милев и Виктор Манчовски додека погодоците за гостите беа дело на Мартин Талевски и Виктор Тошевски.

Во последниот дуел од шестото коло Шкупи го совлада Охрид Лихнидос и ја забележа првата победа во новата сезона.

По шест рунди води Вардар со 16 бода, четири повеќе од Работнички, Брегалница и Шкендија Тетово.

Во дербито од шестото коло во Кадетската Супер лига, Вардар забележа победа од 4:3 во соочувањето со Пелистер.

Вардар поведе со голот на Стефан Стефаноски уште во третата минута. Во 27. Никола Јанкулоски зголеми на 2:0, а девет минути подоцна Милош Мандиќ беше стрелец на третиот гол за домаќинот.

Во финишот од првото полувреме Јован Пашоски од пенал намали на 3:1, а во 55-тата минута Јанкулоски повторно го совлада голманот на Пелистер за предност од 4:1. До крајот на натпреварот гостите од Битола постигнаа уште два гола, а стрелци беа Мартин Василев и Петар Атанасовски.

Градските ривали Македонија ЃП и Работнички играа без голови додека Шкендија Тетово на домашен терен славеше над АП Брера со 2:0.

Гостинска победа забележа Брегалница Штип која со 4:3 го совлада тимот на Арсими.

Пионерите го одиграа шестото коло, а фудбалерите на Пелистер во Скопје го совладаа Вардар со 1:0 ја продолжија триумфалната серија во шампионатот.

Натпреварот беше решен во десеттата минута кога Ламбро Димитар Атанасовски го постигна единствениот гол за гостите.

Брегалница Штип е поразена на гостувањето во Гостивар, Арсими во овој натпревар славеше со 3:1.

Во најефикасниот дуел во оваа рунда, Работнички како гостин ја совлада Македонија ЃП со 4:3 додека Шкендија Тетово и АП Брера освоја по бод откако двата тима постигнаа по два погодоци.

Охрид Лихнидос славеше над Шкупи со 2:1 и ја забележа првата победа во досегашниот тек од сезоната.