Vardari synon tre pikët në fushën e FK Shkupit

Вардар не ја стартуваше најдобро новата сезона во која има амбиции да ги освои трофеите, но шампионот направи рокади на клупата и продолжува по зацртаниот пат.

Тренерот Миодраг Божовиќ сега имаше малку повеќе  време да работи со тимот, да ги претстави и да ги наметне своите идеи и тоа фудбалерите ќе треба да го одработат на најдобар можен начин на следните натпревари.

Првиот предизвик е денешниот дуел со ФК Скопје на стадионот „Железарница“.

„Одиме по три бода“, јасно порачуваат вардарци и ќе треба да бидат многу пофокусирани отколку на некои претходни гостувања, како во Куманово.

Целта на Вардар е да се стигне до триумф, квалитетот е на нивна страна, но ќе треба тоа да се демонстрира и на теренот.

Натпреварот меѓу Скопје и Вардар е закажан за 15 часот на стадионот „Железарница“ и ќе го суди Фуркан Идризи.