Брегалница со еден гол до триумф над Скопје

Брегалница успеа да дојде до победа над Скопје во последниот натпревар од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига, оставајќи го гостинскиот тим и натаму без победа во досегашниот тек од првенството.

Штипјани успеаја со еден гол во второто полувреме да дојдат до победата. Откако по првиот дел беше без голови, и без шанси, во вториот дел двата тима тргнаа поофанзивно.

Првите две шанси ги имаа фудбалерите на Брегалница. Најпрво по ударот со глава од гол линијата мораше да спасува Влајковиќ, а во 60. минута Натаниел се најде во супер шанса, меѓутоа голманот Наумовски беше одличен.

Врати Скопје со удар на Божиновски кој го одбрани Јашар, а потоа се случи и голот.Се играше 72. минута кога Максимов од десната страна одлично го проигра Глигоров кој со одличен шут од прва го совлада Наумовски, и донесе предност.

Скопје повторно се обиде да ја затресе мрежата на противникот, Гордиќ ја имаше најзрелата прилика, но Јашар беше сигурен и не дозволи израмнување во таа 76. минута.

До крајот на мечот Брегалница беше поблиску до 2:0 откако Стојанов имаше добра прилика по соло акција, меѓутоа Наумовски одбрани „зицер“.

Така штипјани успеаја да ја сочуваат својата мрежа, и резултатот остана непроменет, за нови три бода на Брегалница, додека Скопје остана на последното место на табелата.