Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе убедлив пораз на гостувањето кај Италија, губејќи со 4:0 во рамки на седмото коло од квалификациите за Европското првенство.
Домаќините брзо го наметнаа ритамот и поведоа уште во третата минута преку Шер Ндур, а до крајот на првото полувреме македонската селекција успеа да ја задржи негативата на минимум.
Сепак, почетокот на вториот дел донесе целосен пад во играта. Италија за кратко време ја зголеми предноста со головите на Лука Липани и Џеф Екатор, со што практично го реши победникот. Конечните 4:0 беа поставени во 86. минута, кога Сејду Фини беше прецизен од белата точка.
По седум одиграни натпревари, Македонија има освоено само три бода и се наоѓа на претпоследната позиција во групата Е.




