Македонија до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против Црна Гора на пријателскиот натпревар одигран во Охрид.

Македонија имаше одлична можност да дојде до предност во 21. минута, кога Андреј Цветковски се најде во добра позиција, но неговиот удар заврши покрај стативата.

Во продолжението од натпреварот двете селекции имаа свои моменти, а Македонија до водство стигна во 60. минута. Васко Папалиски погоди за 1:0 со прекрасен волеј удар и го постави конечниот резултат.

Во 65. минута, Цветковски повторно се најде во можност за погодок, но гостинскиот голман одлично интервенираше и спречи зголемување на предноста.

До крајот избраниците на Влатко Колев одиграа дисциплинирано и успеаја да ја сочуваат минималната предност за победа против квалитетна селекција на Црна Гора.

Македонија: Даријан Денковски, Алекса Јазагиќ (76. Павел Рибарски), Тео Стојчевски, Павел Котески, Марко Иванов, Бленди Љаќа (46. Арда Илјазовски), Васко Папалиски, Андреј Цветковски, Марко Мирчевски (46. Јаков Пресилски), Лука Георгиев (90. Илјир Ѓони), Алек Трпков (46. Алек Чедомирски).
Селектор: Влатко Колев.

Црна Гора: Симон Сошиќ (46. Страхиња Терзиќ), Благоје Узуновски (84. Андрија Рондовиќ), Стефан Недиќ, Петар Ивановиќ (70. Лука Марковиќ), Матија Ракчевиќ (70. Немања Кљајевиќ), Алекса Чаушевиќ (46. Петар Беговиќ), Марк Ѓокај (70. Павле Пејовиќ), Петар Радомировиќ (70. Андреј Круниќ), Матија Кнежевиќ (46. Аднан Хајдарпашиќ), Данило Кисиќ, Лука Вушуровиќ.
Селектор: Радован Каваја.

Влатко Колев, селектор на Македонија до 18 години:

„Задоволен сум од победата, особено ако се има предвид против кого игравме. Црна Гора е селекција која во последниот период покажа квалитет и успеа да се пласира на големо натпреварување. Ние во овој натпревар бевме и без неколкумина стандардни фудбалери од оваа генерација, кои во моментов настапуваат за повозрасните репрезентативни селекции. Тоа значи дека дадовме можност на други момци да покажат што знаат и мислам дека добро ја искористија шансата. Бевме дисциплинирани, борбени и во клучните моменти реагиравме добро. Секако, има работи на кои треба да работиме и да ги подобруваме, но ваква победа против силен противник е добар показател и дополнителен мотив за оваа генерација.“