Македонија до 21 година загуби од Шведска

Младата репрезентација на Македонија до 21 година со пораз ги заврши квалификациите за пласман на Европското првенство 2027. Избраниците на селекторот Александар Таневски загубија со 2:0 на гостувањето против Шведска.

Домаќинот го отвори резултатот во 15. минута преку Свенсон, додека Нџие во 52. минута го постигна вториот гол и ги постави конечните 2:0.

Македонија во квалификацискиот циклус освои седум бодови и заврши на петтото место во групата, во конкуренција на Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија.

Седумте освоени бодови дојдоа од две победи над Ерменија (2:1 и 2:0) и ремито против Црна Гора (1:1) во Битола.

Првото место во групата го освои Италија со 27 бодови, колку што освои и Полска, но „аѕурите“ со подобар меѓусебен скор го обезбедија првото место и пласманот на Европското првенство.

ШВЕДСКА: Андерсон В., Котон О., Аморон П., Самуелсон О., Толф Н., Свенсон В., Гајгер Ј., Гунарсон К., Росенквист Ц., Остман Л., Нџие А.

МАКЕДОНИЈА: Џеков Љ. Аризанкоски А., Мурати А., Мурати Р., Данев Д., Масларов И., Николовски Т., Тасовски В., Велков А., Величковски Н., Љатифи А.