Репрезентацијата на Македонија до 20 години беше поразена со 2:0 од селекцијата на САД до 20 години на контролниот натпревар одигран во Бугарија.
Избраниците на селекторот Александар Таневски одиграа квалитетен и корисен тест против силен противник, натпревар кој послужи како добра проверка и можност за дополнително воигрување на тимот.
Македонија добро се спротивставуваше во текот на поголемиот дел од средбата, но головите ги прими во судиското надополнување на првото полувреме и во 90+2 минута од натпреварот.
Нашата селекција создаде неколку добри можности за погодок, а најзрелите шанси ги имаа Димитар Данев, Адмир Љатифи и Салим Арифи.
Натпреварот го започнаа: Васил Ташовски, Златко Радески, Андреј Велков, Адис Мурати, Лука Атанасовски, Димитар Данев, Емир Шаботиќ, Салим Арифи, Тео Сандев, Адмир Љатифи и Даниел Диковски.
Во второто полувреме настапија и: Стефан Јованоски, Андреј Мурџески, Фидан Шерифи, Димитар Мартиновски, Виктор Делов, Габриел Крстевски, Андреј Стојановски, Мирза Хасиќ, Иван Шириќ, Гоко Спасов, Лука Бојаџиев и Шабан Мемети.





