Силекс и Тиквеш одиграа еден тврд натпревар без голови и без шанси на стадионот во Кратово.
На двата тима како да им недостасуваше завршница во акциите, немаа идеја кога требаше да се создаваат шанси, и затоа имаше опасни ситуации кои може да се набројат само на една рака.
Ацковски во првиот дел во една акција се обиде да нафрли, а Џеков мораше да избива во корнер. Во вториот дел само неколку нафрлувања по двата гола кои не донесоа опасност.
Силекс се обиде да стори нешто во судиското надополнување. Најпрво голманот на Тиквеш Стевковски интервенираше по нафрлување на Џеков, а потоа и Делимеѓац се обиде, во последен момент блокот на гостите интервенираше.
Па така, овој натпревар заврши без голови, што е најреален епилог според она што се случуваше на теренот во Кратово.





