Репрезентацијата на Македонија до 18 години загуби со 0:1 во првиот од двата пријателски натпревари против Црна Гора.
Натпреварот на стадионот “Билјанини извори” во Охрид беше решен во 71. минута, кога Арда Илјазовски постигна автогол.
Васко Попалиски во првото полувреме со удар од работ на шеснаесетникот ја имаше најдобрата прилика за нашата селекција, а истиот фудбалер во продолжението не успеа да погоди и после мешаница во петерецот на противникот.
Вториот дуел меѓу Македонија и Црна Гора ќе се одигра во вторник, со почеток во 11:00 часот.
Македонија : Црна Гора 0:1 (0:0)
0:1 Арда Илјазовски (автогол) 71’
Македонија: Лука Грчевски, Алекса Јазагиќ, Тео Стојчевски, Павел Котески, Марко Иванов, Алек Чедомирски (од 54. Алек Трипков), Арда Илјазовски (од 78. Лука Георгиев), Бленди Љачка, Васко Попалиски, Андреј Цветковски, Марко Мирчевски (од 54. Јаков Прелиски).
Селектор: Влатко Колев.
Црна Гора: Симон Сошиќ, Стефан Недиќ, Андрија Рондовиќ, Петар Ивановиќ (од 77. Лука Марковиќ), Матија Ракчевиќ, Алекса Цаушевиќ (од 67. Матија Кнежевиќ), Марк Ѓокај (од 77. Павле Пејовиќ), Веско Чукиќ, Петар Радомировиќ, Данило Кисиќ (од 67. Немања Кљајевиќ), Лука Вушуровиќ (од 77. Петар Беговиќ).
Селектор: Радован Каваја.





